-->
-->
Македонија втора во Европа по смртност од коронавирусот
-->
Македонија останува на врвот во Европа по бројот на смртни случаи како последица на коронавирусот.
Според последната статистика од вчера само во Велика Британија има поголем број на починати лица на еден милион жители. Во 68-милионското Обединето Кралство вчера починале 176 лица што е нешто помалку од 3 жртви на еден милион жители.
Во Македонија вчера се регистрирани 4 смртни случаи или 2 на милион жители.
Во цела Европа вчера 25 држави пријавиле вкупно 547 починати поради компликации од Ковид-19. Речиси половина од нив или 216 смртни случаи пријавила Русија.
Вчера во Македонија беа регистрирани 120 случаи на коронавирус, а 123 лица се оздравени.
Денес според неофицијални информации бројката на новозаразени повторно ќе биде трицифрена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција