Македонска филхармонија и „Тиквеш“: Спој на префинета музика и врвно вино
– Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески денеска соопшти дека културната институција и винарската визба „Тиквеш“ ја официјализираат соработката, што е мотивирана и иницирана од континуираниот стремеж да им се овозможи на љубителите на уметноста совршено уживање во префинети нешта.
- Чест ме е да го објавам официјализирањето на новата соработка со реномираната компанија „Тиквеш“, што започна со новата концертна сезона 2017/2018 на Филхармонијата. Особено ми е драго што на еден симболичен начин ја започнуваме соработката со најава за концетот на 14 февруари, кога се одбележува Денот на лозарите и Денот на вљубените, нагласи Илиески.
Тој посочи дека Филхармонијата во изминатиот период остварила големи успеси, што се должат на унапредениот програмски дел, како и на новите простории.
Менаџерот за односи со јавност на „Тиквеш“ Елена Младеновска, наведе дека концертот, што ќе се одржи на 14 февруари, е дел од пошироката платформа насловена „Falling in wine with you“ со која „Тиквеш“ ги обединува прославите на Денот на вљубените и празникот на лозарите и винарите преку нивниот заеднички именител – виното.
- Восокото реноме на Македонската филхармонија, квалитетот и уметничпкиот дострел се од големо значење за публиката и уметноста. Оттаму за нас беше логично да ги поврземе врвните македонски вина и бреднот „Тиквеш“ со една ваква институција, истакна Младеновска
Ново на Сител
-

Сомнеж за злоупотреба на речиси 2 милиони евра во Државна лотарија, утврди Заводот за ревизија
-

ЕВН бара поскапување на струјата од 6%, по Нова година
-

Преглед на вестите од светот
-

Коцевски поднесе оставка пред собраниската седница за негово разрешување
-

Собранието ја констатираше оставката на Коцевски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нејќе да биде дел од раководството на СДСМ, Филипче да поднесе оставка
-

СДСМ ја лансираше платформата М.И.Ц.К.О, ги повика граѓаните да пријавуваат криминал и корупција
-

Откупена половина од годинешната реколта на тутунот
