Македонската, Бугарската и Хрватската берза поврзани преку СЕЕ Линк платформа
Македонската, Бугарската и Хрватската берза ќе ги пренасочуваат налозите за тргување преку СЕЕ Линк платформата која денеска беше официјално промовирана во Скопје во рамки на одбележувањето на 20-годишнината на Македонската берза.
СЕЕ Линк платформата претставува електронски систем за пренасочување на налозите за тргување за околу 400 акции котирани на трите берзи. Платформата е финансиски поддржана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со грант од 540 илјади евра, а сопственичко учество од вкупно 80 илјади евра имаат и трите берзи.
Намера за приклучување кон платформата веќе пројавиле Белградската и Љубљанската берза.
Според директорот на Секторот за развој на домашни валути и пазари на капитал во ЕБОР, Андре Кусвек, новата платформа е значајна од неколку аспекти пред се затоа што со неа ќе се овозможи понатамошен развој на пазарите на капитал и регионална интеграција на берзите.
Од Македонската берза, која е една од иницијаторите за основање на платформата, посочуваат дека со ова е создадена инфраструктура за регионално пренасочување на налозите за тргување.
- На среден рок очекуваме позитивно влијание на зголемување на прометот на сите локални берзи, а за Македонија ова ќе значи една друга новина, поточно на македонските инвеститори ќе им се отворат нови канали за деловни можности, односно инвестирање во странски хартии од вредност, истакна Иван Штериев, генерален извршен директор на Македонската берза.
За Иван Такев од Бугарската берза, новата платформа ќе им овозможи на трите берзи да се развојат од мали во поголеми пазари, а неговата колешка од Загребската берза Ивана Гажиќ верува дека платформата ќе доведе до многу подобра иднина на пазарите на капитал.
Од 1 април се очекува да се воведат два индекса SEE LinX i SEE LinH EWI коишто ќе придонесат за зголемување на видливоста на регионалните пазари.
Ново на Сител
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини
-
Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително
-
Дојави за бомби во училишта во Загреб
-
Министерот Муцунски во посета на Австралија
-
Без струја делови од Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром
-
Нетанјаху ја поздрави идејата на Трамп за евакуација на Палестинците од Газа
-
Аргентина ќе забрани операција за промена на полот и хормонска терапија за деца
-
Според извори на Ен-Би-Си, американската војска планира да ги повлече силите од Сирија