Македонската Кикбокс Маитаи федерација освои 22 медали на меѓународниот турнир во БиХ
Македонската Кикбокс Маитаи федерација составена од натпреварувачи од 6 македонски клубови викендов зема учество на меѓународниот кикбокс турнир во Босна и Херцеговина Grand Prix Сараево во Илиџа.

Најуспешен Македонски клуб е КБК Шампион.

- Турнирот во Сараево помина одлично. Добро е што ниту еден од натпреварувачите нема здобиено никакви повреди. Задоволен сум од постигнатиот успех на сите натпреварувачи. Балканското првенство што две години ни се одлага, не по наша кривица, конечно имаме датум закажано и ќе се одржи на 3-4 септември во Македонија во Скопје, изјави претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија М-р Дејан Митровски Урко.

Еве ги резултатите од секој клуб посебно и сите клубови заедно како репрезентација:
КБК Шампион:
4 - злато
3 сребро
КБК Гладијатор-Штип:
1- златни
1- сребрени

КБК Тетово:
3 - сребро
1- бронза
КБК АС Делчево:
1- злато
1- бронза
КБК Гладијатор - Скопје:
1 - злато
1 - сребро
2 - бронза
КБК Куманово 2006:
1 - сребро
2 - бронза
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
