Македонската литература на Саемот на книга во Москва
Во рамки на 17. Меѓународен саем на интелектуалната книжевност Non/Fiction 2015 во Москва се одржа литературниот настан „Словенските средби“. Македонската литература ја претстави Олга Панкина со промоција на едицијата „Македонскиот роман на 21 век“.
Како автор на овој значаен проект за македонската култура, Панкина истакна дека тој успешно се реализира со поддршка на Министерството за култура, преку конкурсот за странски издавачи, во соработка со издавачката куќа „Центар за книга Рудомино“ при Серуската државна библиотека за странска литература.
На руски јазик веќе се објавени романите „Храпешко“ од Ермис Лафазановски (со слика од Сергеј Андреевски на корицата) 2014; „Водена пирамида“ од Луан Старова (со слика од Васко Ташковски) 2015 и „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли (со слика од Илија Пенушлиски) октомври 2015.
Остварувањата на Олга Панкина, како што се наведува, придонесуваат за ширење и афирмација на македонските книжевни и ликовни вредности на големото руско јазично подрачје.
На настанот присуствуваа дипломатски претставници од словенските држави, писатели, преведувачи, лингвисти и стручњаци по словенски јазици и литератури и читатели. Средбата ја водеше Јуриј Фридштејн, одговорен уредник на издавачката куќа „Центар за книга Рудомино“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?