Македонија
4. July 2024 - 16:35

Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав

Дали Бугарија ќе бара и од Албанија да ги внесе Бугарите во својот устав. По пописните резултати кај нашиот западен сосед, премиерот го праша Радев, дали и од Албанија ќе го бара тоа што го бара од Македонија

Бугарскиот премиер Радев вчера по средбата со грчкиот премиер Мицотакис од Атина порача дека македонската влада не се разбирала во меѓународното и уставното право бидејќи се надева дека може да се репреговара Договорот со Бугарија. Објасни дека Македонци не може да има во Бугарскиот устав бидејќи тој бил различен од македонскиот.

Со навреди од средниот век не можеме да ги решиме проблемите, порача Мицкоски денеска,  потенцирајќи дека времето на Македонија со свиткана кичма заврши на 8 мај

Во Бугарија Македонците ги тепаат и секојдневно ги напаѓаат а Радев зборува за почитување на правата на Бугарите во Македонија, реагираат здруженијата на Македонци во Бугарија

„Цинизам е претседател на држава каде што редовно се кршат човековите права и има толку многу, критики од меѓународните институции за правата на човекот и толку многу пресуди во Судот за човекови права во Стразбур да ги изговори овие зборови. Да, Бугарија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест во годините на демократијата и да – имаше напади врз македонски собори и врз македонски клубови“, реагираат неколку здруженија на Македонците во Бугарија предводени од Омо Илинден Пирин.

Радев од Атина се врати со поддршка од Мицотакис со кого активирале сојузништво против Македонија и договориле заеднички настап против македонските позиции во Брисел