Македонската Опера одбележува 70 години постоење

Македонската Опера вечерва одржува гала оперски концерт со кој го прославува 70-тиот роденден и воедно ја почнува концертната сезона 2017/2018.
Со арии од познати опери на Пучини, Маскањи, Џордано и Масне и под диригентство на Бисера Чадловска, настапуваат солисти-првенци на Македонската опера и балет: Славица Петровска-Галиќ, Игор Дурловски, Наде Талевска, Марјан Јовановски, Ирена Кавкалевска, Павлина Новакова, Катарина Стојановска и Дарко Нешковски.
Пред почетокот на концертот по повод јубилејот се обратија заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и в.д. директорот на МОБ Илија Рајковски.
Вечерашниот роденденски концерт има и втор дел – премиера на операта во еден чин „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи која била и прва оперска претстава во Македонија изведена на 9 мај 1947 година.
Режисер на вечерашната постановка е Џандоменико Вакари од Италија, а диригент - неговиот сонародник Џанлука Мартиненги. Сценограф е Зоран Николовски, костимите ги изработи Елена Дончева. Улогите ги толкуваат Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Николина Јаневска и Марика Поповиќ. Првата реприза на новата „Кавалерија рустикана“ ќе биде во петок за отворањето на Есенските музички свечености.
Покрај седумдеценискиот јубилеј од постоењето, Операта годинава слави и 45 години од фестивалот Мајски оперски вечери
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
