Македонски државјанин осомничен за убиство на две жени во Тирана
Македонски државјанин е осомничен дека претпладево околу 10:20 часот во нивниот дом во Тирана смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница, и нејзината сестра Жанета Метани.
Двојното убиство, според полицијата. се случило во домот во кој живееле во населбата „Астир“ во Тирана.
На местото на настанот беше директорот на полицијата на Трана, Ребени Јаупи, кој соопшти дека е издадена потерница и апелраше до секој кој има каква било информација да и ја пренесе на полицијата.
– Сторителот на двојното убиство е Перпарим Адеми (59) од Македонија. Тој испукал повеќе куршуми од автоматско оружје, кое го оставил на самото место на настанот и се дал во бегство. Ангажирани се големи полициски сили за негово пронаоѓање. Објавивме и негова фотографија и апелирам до секој кој може да помогне во негово пронаоѓање, апелираше Јаупи.
Тој додаде дека пред неколку години Перпарим го сменил презимите од Тела во Адеми.
– Перпарим Адеми го сменил презимето кое до тогаш го имал односно Тела. Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите. Првичниот мотив е дека до немилиот настан дошло поради кавга со една од сестрите околу продолжувањето на вобрачната заедница, рече Јаупи.
Тој посочи дека се известени сите полициски станици во земјата, а остварен е контакт и со македонските колеги.
Ново на Сител
-
Зеленски скептичен за преговори со Русија
-
Трамп: САД треба да се повлечат од војната во Украина
-
Вучиќ ги обвини западните земји дека ги кршат нормите на ОН
-
Нетанјаху најави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан
-
Променливо облачно и топло, попладне во северните делови локален дожд
-
Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово
-
Затвореник нападнал и силувал друг затвореник во Идризово
-
Двајца вработени на УНХЦР загинаа во израелските напади врз Либан