Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец Елбасан – Пеќин, во која загина едно лице.
– На патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Мурас, дошло до судир на три возила, автомобил „Шкода“, управувано од А.И. (45) жител на Кучово кај Берат, „Алфа Ромео“ управувано од Н.Х., како и автомобил „Мерцедес“ управуван од Р.Б., државјанин на Северна Македонија, стои во полициското соопштение.
Во соопштението се додава дека во несреќата животот го загубила Г.И. (43) жителка на Кучово, која била сопатник во „Шкодата“. Со повреди се здобиле тројцата возачи на кои им е пружена потребна лекарска помош и тие се вон животна опасност.
Причина за несреќата, според првичните сознанија, е влажниот коловоз и неприлагодената брзина на движење според условите на патот.
Пред четири дена, на истиот патен правец во сообраќајна несреќа, со возило „Мерцедес“ учествувал македонскиот државјанин М.К. (38).
Во директниот судир со автомобил „Сузуки“ управуван од Х.Р (67) од Елбасан животот го загубил сопатникот во автомобилот, додека со полесни повреди поминале лицата кои управувале со возилата.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис