Македонски филмски фестивал во Торонто

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски завчера го отвори 12. Македонски филмски фестивал во Торонто, кој се одржа на 28-ми и 29 октомври во „Carlton Cinemas“, соопшти денеска Министерството за култура.
Во обраќањето пред публиката, Алаѓозовски истакнал дека еден од главните приоритети на Владата на РМ е зацврстување на соработката и врските со иселениците и дека токму затоа е назначен Едмонд Адеми како посебен министер за дијаспора.
- Зборувајќи за Македонскиот филмски фестивал, министерот Алаѓозовски потенцираше дека се работи за манифестација што е мошне значајна за промоција на македонската кинематографија пред македонската заедница и воопшто пред канадската публика, но и за промоција на македонската заедница во Канада и зацврстување на културните врски со Република Македонија. Тој истакна дека отсега Македонскиот филмски фестивал ќе има целосна поддршка од Министерството за култура и дека Министерството е заинтересирано да се унапреди форматот на фестивалот, на кој би гостувале истакнати продуценти, режисери, актери и филмски работници, соопшти Министерството за култура.
Фестивалот е отворен со филмот „Ослободување на Скопје“ на Раде и Данило Шербеџија, а по проекцијата актерката Силвија Стојановска, која ја толкува улогата на Ленче, одговарала на прашања од публиката. Пред публиката се обратил и Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм на Република Македонија, кој исто така е еден од продуцентите на филмот.
- Тој ја истакна важноста на филмот за промоција на македонската кинематографија и ја потенцираше идната соработка на Агенцијата за филм со Македонскиот филмски фестивал во Торонто, наведува Министерството во соопштението.
На отворањето на фестивалот присуствувале истакнати гости од македонската заедница во Канада, но и значајни личности од културниот и општествениот живот, меѓу кои и претставници на бордот на Телефилм Канада, како и Франк Карузо, продуцент кој ги рецензираше филмовите од годинашната селекција на фестивалот. Тој покажал интерес за соработка со македонските продуценти, откако и Канада стана членка на Еуримаж.
Македонскиот филмски фестивал постои од мај 2006 година. Освен во Канада, досега се одржувал и во Лондон, Њујорк и Мелбурн, со цел да го промовира македонскиот филм пред пошироката светска јавност.
Ново на Сител
-

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
-

На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот, загрозувајќи ги животите на полицајците
-

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
-

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители
-

ССМ од 10 февруари почнува со блокади
-

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури, одбраната бара укинување на притворот за Васев и Нухи
