Македонскиот катастар на регионална конференција во Опатија
Претставници на катастрите од Македонија, Словенија, Хрватска, БиХ, Република Српска, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово учествуваа на 9. Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци што се одржа денеска во Опатија, Хрватска.
Присуствуваа и претставници од Европската комисија, UN-GGIM, Eurogeographics, CLGE, FAO – World Bank и e-justice (EULIS).
Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на тема „Геопросторните податоци во функција на стратешките проекти и економскиот развој“. Секој од директорите на катастрите даде свое видување за темата и се осврна на досегашните активности, на нивната реализација, како и на планираните активности за периодот до 2020 година.
Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, како што соопшти, изминативе неколку години, со поддршка на Владата, напорна работа и заложби на менаџерскиот тим, стана лидер во технолошкиот развој на полето на катастарот и геопросторните податоци во регионот, а доказ за тоа се и оценките од Светска банка, од голем број меѓународни институции, како и од сите земји-учеснички на оваа конференција.
- Изминатиов период од прогресот на македонскиот катастар црпеа искуства речиси сите катастри од регионот, но и пошироко. Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија ја посетија речиси сите катастри од регионов. Во официјални студиски посети досега во Република Македонија беа катастарот на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, но исто така и катастрите на Азербејџан, Хондурас и Никарагва, наведува Катастарот.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро