Македонскиот книжевен Дедал за 2018 година за бугарскиот преведувач Ганчо Савов

Во рамки на 11. Македонска книжевна визита во Софија денеска ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал“ на бугарски автор-преведувач, за значаен придонес за афирмацијата на македонската литература во Бугарија и за унапредување на соработката меѓу писателите од двете земји.
Според организаторот на манифестацијата, Книгоиздалеството „Макавеј“ од Скопје, годинашен носител на ова признание е преведувачот, книжевен иследувач и публицист Ганчо Савов, кој во својот опус има десетина преведени книги од македонски писатели на бугарски јазик и над дваесетина студии и рецензии за дела, процеси и естетски тенденции во современата македонска литература.
Еден од најдрагоцените придонеси на Македонската книжевна визита во Софија, се смета откривањето, поттикнувањето и афирмацијата на нови преведувачи на македонската литература во Бугарија. Во тој контекст наградата „Македонски книжевен Дедал“ која „Макавеј“ ја доделува на секое издание од оваа манифестација, придонесе за оформување во изминатата деценија на нова група квалитетни преведувачи, најчесто, истовремено и писатели, кои безрезервно ја согледаа квалитетната и специфична мисија на македонската литература.
Меѓу најголемите афирматори на македонската литература се угледните современи бугарски писатели и преведувачи: Петар Караангов, Иван Гранитски, Бојан Ангелов, Елка Њаголова, Димитар Христов, Николај Шопов, Роман Кисјов, Здравка Итева, Тања Попова, Петар Андасаров и др. Овие преведувачи, кои се и афирмирани автори на бугарската литература, според организаторите на манифестацијата, заедно придонеле околу 60 дела од македонски автори во изминатото десетлетие да бидат пласирани на бугарската книжевна сцена, во копродукција на Макавеј со бугарски издарачи.
Синоќа на отворањето на манифестацијата пред софиската публика беше претставен книжевниот портрет на современиот македонски поет, прозаист и публицист Трајан Петровски, за чие творештво говореа македонскиот поет и литературен критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот поет и преведувач Димитар Христов.
Се одржа и голем поетски митинг на кој со свои стихови се претставија дваесетина истакнати македонски и бугарски поети: Петар Караангов, Трајан Петровски, Поли Муканова, Милован Стефановски, Димитар Христов, Бранко Цветкоски, Роман Кисјов, Наташа Сарџовска, Владимир Левчев, Маја Апостоловска, Николај Шопов, Данило Коцевски, Владимир Луков, Смиле Наумовски, Патар Андасаров, Митко Гогов, Надја Попова и Душко Крстевски.
Учесниците на манифестацијата и оваа година традиционално ќе го посетат и ќе положат цвеќе на гробот на Венко Марковски, еден од основоположниците на современата македонска литература.
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
