Македонските фудбалери одиграа без голови во Даблин

Дефанзивно ориентирана и со само еден удар кон противничкиот гол, македонската фудбалска репрезентација одигра вечерва во Даблин нерешено 0-0 против Ирска во пријателски натпревар на двете селекции кои минатата недела со порази во полуфиналните баражи останаа без пласман на Светското првенство.
Македонскиот селектор Гоце Седлоски направи четири измени во почетниот состав од дуелот во четвртокот против Данска во Копенхаген, давајќи им шанса на Велковски, Костадинов, Алими и дебитантот Фетаи на местата на Муслиу, Ќамили, Стојчевски и Атанасов.
Ирска ја имаше почетната иницијатива, но првата посериозна шанса за гол дојде на спротивната страна, кога Келехер го одбрани обидот на Барди од слободен удар во 21 минута.
Во продолжението, од 24 до 26 минута, Ирците два пати се заканија кон македонскиот гол, но Димитриевски најпрво го скроти ударот со глава на Перот, а Азез беше непрецизен од слободен удар.
Завршните пет минути донесоа две изгледни шанси за гол на Ирска, но Перот во 39 минута од десетина метри го префрли голот на Димитриевски, а во 43 минута голот што го постигна беше поништен поради офсајд.
Ирска тргна уште поофанзивно по паузата и пропушти идеална шанса за водство во 52 минута кога Перот од непосредна близина ја погоди стативата.
Бројните измени и повреди на теренот на двете страни во продолжението само дополнително го успорија темпото на натпреварот до самиот финиш, кога домаќините во судиското продолжение од седум минути преку Кени пропуштија идеална шанса за победа пред своите гледачи на стадионот „Авива“.
МИА
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
