-->
-->
Македонските кадетки подобри од Бугарија
-->

Младата кадетска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години оствари победа во дуелот против врсничките од Бугарија.
На мини меѓународниот турнир што се одржува во Скопје, во кој настапи и селекцијата на Израел, кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија ја победи Бугарија по дополнителните пет минути со 72-68, откако регуларниот дел заврши нерешено 64-64.
Тијана Митрева со 21 поен беше најефикасна во редовите на Македонија, додека Илина Селцова оствари дабл-дабл учинок од 19 поени и 13 скокови, а Ивона Кошобашиоска средбата ја заврши со 12 поени и 11 скокови.
Претходно избраничките на селекторката Стојна Вангеловска ги загубија двата меча од Израел, кој беше подобар и во дуелот против Бугарија.
Овие пријателски натпревари се дел од подготовките за нашите кадетки за настапат на Европското првенство (Дивизија Б) кое од 17 до 26 август ќе се одржува во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
