-->
-->
Македонските тенисери со убедлив старт во „Дејвис купот’’
-->
Македонската тениска репрезентација, со победа го започна својот настап во 3-тата зона од Дејвис куп.
Во првиот меч од групата Ц, нашите тенисери остварија убедлива победа над Ерменија со 3:0
По сингл натпреваерите Македонија веќе имаше недостижна преднос од 2-0 во победи.
Димитар Грабул со убедливи 6:1 и 6:2 го совлада Микаел Качатрјан, додека Томислав Јотовски беше уште поубедлив во мечот со Микаел Аветисјан кому му препушти само еден гелм, односно го совлада со 6:0 и 6:1.
Во игра во двојки Бојан Јанкуловски и Горазд Србљак со 2-0 по сетови 6:4 и 6:2 ја совладаа ерменската двојка Геворгјан и Качатрјан.
Во среда, нашите тенисери за противици ги имаат Норвежаните, против кои не би требало да има проблеми, по што би следела пресметката со против Кипар за пласман во Втората зона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно