Македонските вина презентирани на саем во Дизелдорф
Девет македонски винарии трет ден се дел од интернационалниот саем за вино „Провајн“ што до 16 овој месец се одржува во германскиот град Дизелдорф.
На македонскиот национален штанд, винариите „Тиквеш“, „Сковин“, „Стоби“, „Далвина“, „Бовин“, „Камник“, „Езимит“, „Попов“ и „Сопот“ ги презентираа своите вина пред дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од светот.
Во рамки на саемот, на македонскиот штанд се организираа и семинари и дегустации за виното „вранец“ водени од Дарел Џозеф, вински судија и промотор на вината од земјите на Југоисточна Европа.
Учеството на македонските винарии на саемот го организираше здружението „Вина од Македонија“, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го поддржа учеството на винариите на саемот со закуп на просторот и уредување на штандот.
„Провајн“ е меѓународен саем за вино и алкохолни пијалоци во Европа и место на кое своите вина ги промовираат 50 вински земји во светот. Секоја година саемот го посетуваат околу 50.000 професионални посетители од целиот свет.
Ново на Сител
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири