Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го охрабри израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги „доведе до успешен завршеток“ преговорите кои моментално се водат со Хамас, чија цел е прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците на таа палестинска територија, соопшти Елисејската палата.
Макрон во телефонски разговор го охрабрил Нетанјаху да ги заврши преговорите кои би можеле да доведат до ослободување на заложниците, до заштита на цивилите преку прекин на огнот и до регионално смирување на тензиите, се додава во соопштението на француското претседателство.
Франција целосно ги поддржува тековните напори за посредување. Судбината на Палестинците во Газа повеќе не може да биде подложена на терористичките активности на Хамас и израелските операции мора да престанат, се вели во соопштението.
Макрон „го повтори своето цврсто противење на израелската офанзива на Рафа и ја истакна апсолутната итност да се гарантира влез на хуманитарна помош преку сите пристапни точки до Појасот Газа“, додава Елисејската палата.
Делегација на Хамас моментално е во Каиро на разговори за примирје, под покровителство на меѓународните посредници – Катар, Египет, САД.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра