Макрон и Зеленски утре ќе потпишат билатерален договор за безбедност
Претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски, утре во Париз ќе потпишат билатерален договор за безбедност, соопшти Елисејската палата.
„Договорот е дел од заложбата прифатена на состанокот на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), одржан на маргините на самитот на НАТО во Вилнус во јули 2023 година“, се додава во соопштението на француското претседателство.
Лидерите на НАТО тогаш, на незадоволство на Киев, поставија краен рок за пристапување на Украина во Атлантската алијанса, но земјите од Г7 ветија дека ќе обезбедат воена поддршка „на долг рок“ за да и помогнат во борбата против руската офанзива и да ја одвратат Москва од каква било идни напади на Украина.
Велика Британија беше првата што постигна ваков договор за време на посетата на премиерот Риши Сунак (Риши) на Киев на 12 јануари.
Франција ќе биде првата земја од Европската унија која ќе го склучи овој договор. Претседателството на Украина вчера соопшти дека Зеленски, покрај Париз, утре ќе го посети и Берлин.
Украина ги продолжува преговорите со голем број други земји, од Италија до САД. Други земји, како Полска и некои скандинавски земји, се приклучија на иницијативата на Г7.
Ново на Сител
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата