Макрон на индискиот премиер Моди му додели орден „Легија на честа“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му го додели Големиот крст на Легијата на честа на индискиот премиер Нарендра Моди, почесент гостин на воената парада по повод националниот празник Денот на Бастилја, соопшти Елисејската палата.
„Одликувањето се однесува на улогата на премиерот во одличниот однос на пријателство и доверба што ги обединува Франција и Индија“, соопшти француското претседателство.
Моди од своја страна се заблагодари за одликувањето, велејќи дека „го прифаќа со голема понизност“.
„Им благодарам на претседателот Емануел Макрон, на владата и на народот на Франција за овој гест. Тоа ја покажува нивната длабока наклонетост кон Индија и нивната решеност да промовираат пријателство со нашата нација“, напиша Моди на Твитер.
На авенијата Шанзелизе во Париз во тек е традиционалната воена парада, а вечер е превиден огномет на Ајфеловата кула, како и симфониски концерт.
Ново на Сител
-

Уапсени двајца гостиварци за трговија со дрога, при претрес пронајдени шест пакувања кокаин
-

Шест возачи приведени во изминатото деноноќие за безобѕирно управување со моторно возило
-

Марихуана, кокаин и прашкасти материи пронајдени на повеќе локации, приведени пет лица
-

Хамилтон стартува од полпозицијата во Мексико Сити
-

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка, денеска врнежи низ земјава
-

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани
-

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
-

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути
