Макрон: Оваа војна ќе трае
Светот мора да се подготви за долга војна меѓу Русија и Украина откако Москва започна инвазија на својот прозападен сосед, предупреди денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
„Ако можам да ви кажам една работа утрово, тоа е дека оваа војна ќе трае“, рече Макрон на годишниот саем за земјоделство во Франција.
„Оваа криза ќе потрае, оваа војна ќе трае и сите кризи што доаѓаат со неа ќе имаат трајни последици“, додаде Макрон, предупредувајќи: „Мораме да бидеме подготвени“.
Макрон ја прекина посетата на саемот за земјоделство, обично еден од главните настани на францускиот политички календар, со цел да се врати на справувањето со кризата предизвикана од руската инвазија.
– Војната се врати во Европа, ова беше избрано еднострано од претседателот (Владимир) Путин, со трагична хуманитарна ситуација, (украински) народ кој дава отпор и Европа која е таму и се спротивставува на страната на украинскиот народ, нагласи рече Макрон.
Со оглед на тоа што војната и санкциите против Русија ризикуваат штета на одредени сектори во Франција, особено винската индустрија, Макрон вети „план на издржливост“.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект