-->
-->
Макрон потврди поддршка за сириската опозиција
-->

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди поддршка за сириската опозиција во разговор со координаторот на сирискиот опозициски Висок преговарачки комитет, Ријад Хиџаб, соопшти Кабинетот на Макрон.
Во разговорот што се одржал вчера Макрон „потврди поддршка на Франција за сириската опозиција“ нагласува Кабинетот.
Макрон го уверил Хиџаб дека е подготвен да се ангажира целосно за постигнување политичко решение во рамки на Женевскиот процес.
Во интервју за неколку европски весници Макрон наведе дека не гледа „легитимност“ за сирискиот претседател Башар Асад кој според него, не е непријател на Франција туку на сирискиот народ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
