Макрон: Војната во Украина е проблем и за азиско-пацифичките земји
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Бангкок повика азиско-пацифичките земји да се приклучат на „сè поголемиот консензус“ против војната во Украина, нагласувајќи оти таа војна е и „нивен проблем“.
– Приоритет број еден за Франција е да придонесе за мирот во Украина и да се обиде да создаде глобална динамика за притисок врз Русија, подвлече Макрон на самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
Како што додаде тој, Франција сака многу блиска соработка со разни земји, како што се Кина, Индија, земјите од Блискиот Исток, Африка, Латинска Америка, за да создаде сè поголем консензус.
Според него, тие земји исто така треба да кажат дека војната во Украина е и нивен проблем, затоа што создава дестабилизација.
– Помогнете ни да испратиме порака до Русија – запрете ја војната, почитувајте го меѓународниот поредок, вратете се на (преговарачката) маса, истакна Макрон.
Во Бангкок денеска почна самитот на АПЕК во услови на војна во Украина и севернокорејското лансирање балистички ракети.
Ова е првиот состанок во живо на лидерите на АПЕК од 2018 година.
Непосредно пред почетокот на самитот, Пјонгјанг лансираше уште една ракета, за која се верува дека паднала во морето во јапонската ексклузивна економска зона, според јапонскиот премиер Фумио Кишида.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово