-->
-->
Мал, но ефикасен трик на штедење!
-->

Заблуда е дека морате да имате многу пари за да успеете да оставите нешто „на страна“.
Има луѓе кои имаат исти примања, па едниот составува крај со крај, додека другиот успева да заштеди. Одговорот лежи во различните карактери, но постои психолошки трик кој од најголем расипник на пари може да направи штедач, пишува „новости“.
За тоа ви е потребен само број, верувале или не. Изберете некоја важна бројка, дали тоа ќе биде годината на раѓање или тековната година и одредете дека тоа е износот кој сакате да го заштедите во еден месец.
Или, ако ви е полесно да работите на дневна ниво, земете помал помала бројка, например датумот на раѓање или вашиот број на години.
Па така, ако имате 40 години, задате си цел дека секој ден ќе заштедувате 40 денари. На месечно ниво (40 ден) ќе „заработите“ 1.200 денари, а годишно 14.400 денари.
Можеби таа сума не изгледа инпозантно, но сепак на располагање имате пари кои ќе можете добро да ги искористите. Објаснувањето на овој трик е едноставно - иако сите начелно знаеме да штедиме, тешко е да се дисциплинираме, а конкретната бројка нас во тоа ни помага.
Ефикасен трик за они со најмали примања е да секојдневно оставаат на страна по 10, 20 денари. Нема да го осетат штедењето, а сепак ќе значат за неколку месеци или година дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
