Живот
27. December 2017 - 20:30

Малечко девојче (3) преживеа 11 дена во шума со волци и мечки: Беше спасено на неверојатен начин

Тригодишната Карина Чикитова живее со мајка си во Сибир и еден ден пред нејзиниот 4 роденден посакала да го види својот татко кој живеел во соседното село.

Често одела кај него, зошто не бил оддалечен многу. Кога стигнала во селото, нејзиниот татко не бил таму, па девојчето одлучило да го побара.

Така се изгубила во бескрајните сибирски шуми. Дури и возрасните одат вооружени во тие шуми зошто се полни со волци и мечки. Девојчето било потпоолно само. Со неа било само нејзиното верно куче кое ја следело.

Родителите на Карина биле многу загрижени кога дознале дека девојчето исчезнало. Температурите ноќе паѓаат под нулата и многу луѓе тргнале во потрага по детето, но не го нашле.

После 11 дена, нејзиното куче се вратило во селото. Жителите го очекувале најлоштото. Мислеле дека девојчето умрело во шумата. Но кучето повторно тргнало назад и мештаните го следеле. Кога стигнале таму, не можеле да им веруваат на своите очи.

Малото девојче било дехидрирано и гладно, но сепак живо. Се спасило така што 11 дена се хранело со шумски плодови и пиело вода од потокот.

Нејзиното куче ноќе ја греело со своето крзно и ја бранело од волци и мечки кои тука поминувале.

Во нивна чест, жителите одлучија да направат статуа во родното село на малечкото девојче.