Мали: Белград, Скопје и Тирана на 10 ноември ќе потпишат Договор за поедноставување на царинските постапки
Српскиот претседател Александар Вучиќ по одржувањето на денешната видео конференција со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди рама изјави дека е постигнат договор за три точки – работни дозволи, взаемна помош во случај на елементарни непогоди и побрза царинска работа.
Тој посочи дека е договорено потпишување на Договор за подобрување на царинската политика за поедноставување на царинските постапки, со што камионите непречено ќе ги преминуваат границите, без да чекаат неколку часа. – Сето ова ќе придонесе за развој на економијата на целиот регион и директно за развој и раст на животниот стандард на сите граѓани во регионот, изјави Мали.
– Ова се важни договори. Замислете како ќе изгледа овој регион кога ќе ја преминете границата само со лична карта и ќе стигнете до Албанија, Северна Македонија или некоја друга земја што наскоро ќе се приклучи на оваа иницијатива, изјави Мали.
Тој нагласи дека во рамки на оваа иницијатива ќе се направи список на заеднички инфраструктурни проекти кои понатаму треба да придонесат за подобрување на квалитетот на инфраструктурата и економскиот развој на регионот.
Мали потсети дека на 10 ноември се очекува потпишување на договорите и дека сликата ќе биде сосема поинаква на 11 ноември, кога ќе започне реализацијата на договореното, нагласувајќи дека напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес претставува иднина за Западниот Балкан и основа за економски развој на целиот регион и на секоја земја одделно.
– Направивме вистинска работа и без оглед на некои разлики, клучно е како на граѓаните од целиот регион да им биде подобро, нагласи српскиот министер за финансии.
Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж изјави дека договорот постигнат денеска е од големо значење за деловната заедница во регионот, особено поради поддршката што ја добија од тројцата лидери за интензивен и чест дијалог меѓу компаниите и владите.
– Ова е една од многу важните работи, како и договорот за работни дозволи, што практично значи воспоставување единствен пазар на труд во трите земји, посочи Чадеж.
Тој изрази надеж дека и други партнери од сите шест економии во регионот на Западен Балкан ќе се приклучат на иницијативата и на тој начин ќе покажат дека ова има смисла и дека луѓето што работат имаат корист од тоа.
– Многу е важно дека е постигнат многу силен договор да се оди на меѓусебни договори за преминување на границите, без разлика дали се работи за царинска, ветеринарна или фитосанитарна инспекција, за да се забрза овој процес, истакна Чадеж, додавајќи дека српскиот министе за финансии и неговите партнери во Тирана и во Скопје работат на тоа многу добро.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228