-->
-->
Малолетник (12) однел пиштол во школо – Ги прашал другарите, во кого прво да пука!
-->

Малолетник (12) донел пиштол во школо, па почнал да мавта – Ги прашал другарите, во кого прво да пука!
Ученик од шесто одделение во ОШ „Крал Александар I“ во Нов Белград дојде во школо, носејќи од дома вистински пиштол. Момчето пред другарите се фалел со оружјето, прашувајќи низ смеа, во кого прво да пука. Трагедијата за среќа е спречена затоа што тој не знаел да го откочи пиштолот, а еден од другарите во меѓувреме пренел на родителите дека тој во рацете држел опасно оружје.
Испаничените родители, истиот момент го известиле школото, кое брзо реагирало и ја повикало полицијата.
„Им благодарение што веднаш јавија. Што слушнавме дека еден наш ученик има пиштол, ги повикавме полицијата и неговите родители. На време е спречена поголема трагедија. За целиот настан го известивме министерстовот за образование. Заседаваше и наставничкиот совет, а вечерва имаме вонредна родителска средба. Момчето ќе биде казнето и укорено“, вели за Српски Телеграф Милан Пушиќ, директорот на школото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
