Малолетник од Гостивар приведен на патот Ресен–Охрид со украдено возило

На 26.09.2025 во 18:15 часот на регионалниот пат Ресен-Охрид, кај охридското село Косел, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Г.И.(66) од гостиварското село Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел од сопственикот.
Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле на регионалниот пат Охрид-Ресен и веднаш го исклучиле од сообраќај. Со малолетникот е извршен службен разговор во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Охрид, по што тој е спроведен во ОВР Гостивар. Возилото е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
