Малолетник предизвика тешка сообраќајка во Скопје - повредни пет лица
Тешка сообраќајна несрќа се случила вчера во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 13.20 часот било пријавено дека на ул. „Драчевска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник и патничко возило „Форд Галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А. (27), двајцата од с.Студеничани, скопско.
По незгодата, двајцата возачи и сопатниците од возилото „Форд Галакси“ - Х.А. (51), И.А. (54), М.А. (79) и К.А. (50) и Ф.А. (32), сите од с.Студеничани, скопско, со две други возила и возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
На сите им била укажана лекарска помош. Кај малолетникот биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останати лица биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата