Македонија
6. May 2022 - 12:49

Малолетник со мотоцикл удрил пешак во Куманово

На улицата „11-ти ноември“ вчера околу 10.30 часот малолетник од Куманово со мотоцикл удрил во 78-годишниот Џ.Ш. од истиот град.

 Во несреќата со тешки  телесни повреди се здобил Џ.Ш. констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.