Манчестер Јунајтед го имаат најскапиот тим на светот – Дури 1.15 милијарди евра!

Манчестер Јунајтед, конечно, се први…. На листата на најскапи состави на светот, победувајќи ги Челси и Манчестер сити според последната анализа на „ЦЕИС фудбалската опсерваторија“.
„Ѓаволите“ потрошиле неверојатни 1.15 милијарди евра на својот сегашеен состав, од кои 400 милиони фунти од пристигнувањето на рик Тен Хаг во мај минатата година. Проценката на „ЦЕИС“ се според парите дадени на трансферот, платите и бонусите. Јунајтед ги купија Касемиро, Лисандро Мартинез, Антони, Расмус Хојлунд, Мејсон Маунт и Андре Онана последните две лета.
Челси се втори на листата за малку со 1.134 милијарди евра, додека англиското трио на врвот го комплетира Манчестер сити со 1.042 милијарди евра. Единствен не-англиски клуб во топ 5 се Пари Сен-Жермен (1 милијарда евра), додека петти се Арсенал (836 милиони евра).
Реал Мадрид, на пример, се само осми со 708 милиони евра и се само вториот клуб (покрај ПСЖ) кој не доаѓа од Премиерлигата во топ 10.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
