Манчевски: ААВМУ застана во одбрана на лажни вести
Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски на својот Фејсбук профил напиша дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ААВМУ одлучила да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали.
-Според кои стандарди Инфомакс е медиум? Нема адреса, нема импресум, не се знае сопственоста… Класичен пример на извор за лажни вести. На порталот има реклама – линк до бугарскиот мобилен оператор Теленор. Текстот е на руски јазик. Хаос. Техничка грешка или некој плаќа за ваква реклама?Прашањето го упатувам и до медиумските организации кои повикаа политичарите да не реагираат на вакви класични примери на лажни вести. Тогаш се прашувам кој. Кога веќе конечно ќе ја видиме таа саморегулација? И ААВМУ одлучи да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали. И покрај тоа што цело време ААВМУ тврди дека не може да врши никаков надзор над порталите. Веќе знам и дека дел од коментарите на постот ќе бидат зошто нешто не превземеме. Одговорот е дека работиме согласно закон и дека веднаш ќе се протолкува како притисок. Свесен сум дека за многумина ова не е она што сакаат да го слушнат, ама тоа е вистината. А, за вистината и стандардите во медиумите…? Сеуште верувам дека саморегулацијата ќе даде резултати. Се надевам во мојот животен век, наведува Манчевски.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска преку соопштение ги повика политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите и да не ја загрозуваат слободата на изразување. Најавите за тужби, посочуваат, претставуваат директен притисок врз работата на медиумите особено кога известуваат за теми од висок степен на јавен интерес, истакнаа од ААВМУ.
Реакцијата уследи откако вчера беше објавена фотографија од записник со исказ на бизнисменот Јордан Камчев од истрагата за случајот „Рекет“ во дел од порталите кои воедно и го прераскажуваат документот и пишуваат имиња и на функционери, по што тужби за клевета најавија премиерот Зоран Заев, министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска и пратеничката Фросина Ташевска Ременски, со негирање на каква било вмешаност во случајот.
Ново на Сител
-
Кривична за десет полицајци во врска со пожарот во Кочани - по еден од нив се уште се трага
-
Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски
-
СПМ: Никој нема право да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик
-
МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници
-
Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник
-
Приведен 22-годишник, со „бмв“ возел 96 километри на час во место каде е дозволено 40
-
Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица
-
Одложено денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче