Манчевски и Стафансон разговараа за реформите во медиумската сфера
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Шведска во Македонија Матс Стафансон, на која разговарале за реформите во медиумската сфера, измените на Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и за јавниот радиодифузен сервис.
Министерот Манчевски, како што информираат од неговиот кабинет, се осврнал на промените во начинот на финансирање на МРТ и на воведувањето на четврт канал, за малцинските заедници.
- МРТВ нема повеќе да биде доведена во состојба да бара дополнителна финансиска поддршка од Владата, како што беше тоа случај кога средствата собрани од радиодифузната такса не беа доволни. Ова ќе придонесе кон стабилно финансирање на МРТ, МРД и АВМУ, односно тие повеќе нема да зависат од процентот на наплата на радиодифузната такса. На овој начин МРТ повеќе нема да треба да одговара пред Владата, туку со својата програма одговара само пред Собранието, рекол Манчевски.
Амбасадорот Стафансон ги поздравил заложбите на МИОА за реформите кои ќе придонесат кон независен и силен јавен радиодифузен сервис.
Лажните вести беа уште една од темите за коишто се разговараше на денешната средба. Министерот Манчевски информирал дека предизвикот за справување со оваа појава на глобално ниво ќе биде и една од темите на Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи на пролет следната година во Скопје.
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога