Манчевски: Ќе се заложиме за зголемена енергетска ефикасност на објектите
Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска изјави дека ќе се заложат за зголемена енергетска ефикасност на станбените објекти.
- Директно ќе обезбедиме финансиска поддршка за граѓаните во висина од 20 проценти од вредноста на инвестицијата за енергетска изолација. Ова е дел од итните реформски приоритети на новата влада, за првите 180 дена, рече Манчевски.
Според него, со ова ќе има 70 проценти заштеда на енергија во објектите, ќе се зголеми обемот на работа за фирмите што произведуваат изолациски материјали и на оние што вршат монтажа.
- Тоа директно ќе поттикне отворање на нови работни места, со повисоки плати. Ќе се влијае и на намалување на загаденоста на воздухот, рече Манчевски, обвинувајќи дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ не инвестирала во енергетска ефикасност на објектите.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?