-->
-->
МАНУ одбележува 48 години од основањето
-->

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска одбележува 48 години од основањето.
По тој повод МАНУ ќе го доели меѓународното признание „Блаже Конески“ на академик Хорст Клинкман од Сојузна Република Германија за посебен придонес во развојот на нефролошката наука во Македонија, и проф. д-р Ала Генадјевна Шешкен од Руската Федерација за посебен придонес во проучувањето и афирмирањето на македонската литература и македонскиот јазик.
Во МАНУ денеска ќе бидат одбележани и 90 години од раѓањето на академик Јордан Поп Јорданов со промоција на негови избрани трудови, а предвидена е и промоција на мозаикот „Четири елементи - универзум“, подарок од академик Газанфер Бајрам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
