Тенис
16. August 2015 - 10:19

Мареј се избори за ново финале со Ѓоковиќ

Енди Мареј и Новак  Ѓоковиќ се пласираа во финалето на „Роџерс купот“ што се игра во Монтреал. Мареј полесно од очекуваното во второто полуфинале го совлада Кеи Нишикори со 6:3 и 6:0 во сетови. Со овој триумф Мареј ќе се врати на втората позиција на АТП листата. Нишикори претходниот викенд играше во добра форма и победи на турнирот во Вашингтон.
Ѓоковиќ во двата сета успеа да направи по еден брејк што беше доволно да триумфира во мечот против Жереми Шарди. Сетовите Ѓоковиќ ги доби со 6:4, што беше доволно за 10.победа против Шарди во истотолку одиграни мечеви. 
Шарди со пласманот во полуфиналето ќе направи скок од 22.места и ќе се пробие на 27.место на новата АТП листа.