Марибор избран за европски суперкомпјутерски центар

Марибор во Словенија е еден од осумте градови во кои ќе биде сместен првиот европски суперкомпјутерски центар во рамки на заедничката иницијатива на Европската унија и група европски земји, соопшти Европската комисија.
Овие компјутери треба да им помогнат на истражувачите, индустријата и бизнисот во различни области, од проектирање лекови и нови материјали до справување со климатските промени, а се поставени во рамките на Заедничкото европско претпријатие за компјутери со високи перформанси – Еуро ХПЦ.
Освен Марибор, избрани градови се и Софија во Бугарија, Острава во Чешка, Кајани во Финска, Болоња во Италија, Бисен во Луксембург, Мињо во Португалија и Барселона во Шпанија.
Еуро ХПЦ е проект на Европската унија и 28 поединечни европски земји. Во управувањето со суперкомпјутерските центри ќе учествуваат 19 од 28 земји, а вкупниот буџет за тој проект изнесува 840 милиони евра.
Целта на заедничкото вложување е да се опреми ЕУ со суперкомпјутерска инфраструктура од светска класа до крајот на 2020 година.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
