Маричиќ денес е домаќин на министрите за Европа на Финска и Ирска
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе биде домаќин на неговите хомолози од Ирска и Финска,Томас Бирн, и Тити Тупураинен, со кои ќе оствари работна средба, по што ќе следува заедничка прес-конференција.
Во фокусот на разговорите ќе биде пристапниот процес на Северна Македонија во Европската унија, новиот француски предлог, дијлогот со Бугарија, како и унапредувањето на билатералната соработка и односите во регионот.
Во рамките на нивната еднодневна официјална посета на Скопје, ирскиот министер за европски прашања,Томас Бирн, и министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, ќе остварат средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по што делегациите ја продолжуваат својата мини турнеја на Западен Балкан во соседна Албанија.
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
