Маричиќ го пречека Милановиќ на аеродромот во Охрид
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, кој штотуку слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Како што соопштија од СЕП, вицепремиерот Маричиќ му посака добредојде на нашиот голем пријател, претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ и изрази големо задоволство од неговата посета и учеството на Преспа форумот за дијалог, на кој несомнено ќе даде вреден придонес во дводневните дискусии за актуелните безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан.
Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а претсеадтелот на Хрватска Зоран Милановиќ ќе се обрати на првата сесија на високо ниво на која според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
