Маричиќ: Граѓаните се против промена на Уставот поради стравот кој го сее опозицијата

Долгогодишната политика на сеење на страв која што ја практикува опозицијата е причината што граѓаните во моментов се против промена на Уставот, вели за Детектор, Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ. Тој додава дека пример за тоа е Преспанскиот договор кој според него и донел само придобивки на Македонија.
„За жал овие податоци според мене се дело или производ на долгогодишната политика на страв која што е промовирана од опозицијата, од Левица и ВМРО-ДПМНЕ, особено минатата година на која што се напластуваа сериозни слоеви на дезинформации, лажни информации и сеење страв кон граѓаните дека нам ќе ни се одземе идентитетот, дека ќе има некаква бугаризација, дека јазикот ќе ни биде одземен и дека со ова се прави кој знае што. Ние имавме многу слична атмосфера, можеби не волку заострена меѓутоа многу слична атмосфера поврзана и со Преспанскиот договор.
Дека тоа ќе биде обезличување на Македонија, дека тоа ќе биде крај на нашиот идентитет и дека тоа ќе биде предавање на државата, продавање на државата. Но денес ги гледаме придобивките. Иако и тогаш имаше протести и заострена атмосфера во Собранието, денеска ги гледаме придобивките. 4 години откако е усвоен, од него гледаме само позитивни придобивки“ – вели Маричиќ
Потенцира дека освен патот кон ЕУ Македонија нема друга алтернатива и политичарите се должни да ги реализираат стратешките интереси. Тоа ќе се постигне според него со заедничка работа преку која ќе им се објасни на граѓаните дека Македонија нема да го изгуби својот идентитет.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
