Марихуана и таблети најдени кај повеќе лица во Струга

Во полициска акција ноќеска во Струга при претрес на возила кај шест лица била пронајдена марихуана, а кај двајца таблети.
Акцијата, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски се одвивала во периодот од 20 часот синоќа до 5 часот и 30 минути утринава на улицата „Партизанска“.
– Извршени биле прегледи врз лица и возила, при што кај М.С.(31) од Тетово при преглед на патничко моторно возило „Опел Мерива“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени таблети и марихуана, кај Е.А.(29) од Скопје била пронајдена марихуана, кај И.З.(38) од Струга, при преглед на патничко моторно возило „Опел“ со охридски регистарски ознаки била пронајдена марихуана. Исто така, кај А.Н. (32) од Битола, при извршен преглед била пронајдена марихуана, кај Д.Н (25) од Штип била пронајдена марихуана, кај И.Г.(30) од Скопје била пронајдена марихуана, кај Т.С.(32) од Битола биле пронајдени таблети, изјави денеска Димоски.
Лицата, додаде тој, се лишени од слобода и против нив ќе следат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП
-

ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030
-

Трамп на комеморацијата за нападите од 11 септември 2001 година: Иран не смее да има нуклеарно оружје
-

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната Служба
-

Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
