Марија Спираки: ситуацијата во Скопје е исклучително тешка

Европратеничката од Нова демократија Марија Спираки во изјава за радиото на грчката државна новинска агенција АНА-МПА „Агенција 104.9 ФМ“ денеска рече дека „ситуацијата во Скопје е исклучително тешка“.
Коментирајќи ги вчерашните инциденти во македонското Собрание, Спираки рече дека Европскиот парламент „пред извесно време ја предивиде ситуацијата и нагласи дека 'Македонија е бомба подготвена да пукне'“.
Таа истакна дека во Македонија треба да продолжи да се почитува Уставот и оцени дека „постои опасност од дестабилизација“.
Инаку грчките медиуми постојано објавуваат за се што се случува во Македонија, засега без коментар. Вообичаено се пренесуваат веродостојни, проверени информации, освен некои портали кои се познати по националистичка реторика и овие случувања ги поврзуваат со прашањето за името, за кое повторуваат дека „не може да го содржи терминот Македонија“.
Во Грција исто така се пренесуваат и сите изјави на претставниците на меѓународните институции и организации, како и речиси сите соопштенија и изјави на македонските политичари и институции.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
