Марк Цукерберг донира три милијарди долари за борба против болестите
Сопственикот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чeн имaат нова амбициозна цел - да го помогнат развојот и пронаоѓањето на лекови со кои би се елиминирале сите болести до крајот на овој век.
За таа цел, нивната филантропска фондација „Чен Цукерберг Инишиатив" наредните десет години ќе издвои три милијарди долари за поддршка на научните истражувања. Од нив 600 милиони долари ќе бидат наменети за изградба на нов истражувачки центар при Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско. Научната иницијатива ќе биде предводена од Кори Бергман, невролог чија стручна област е анатомијата на мозокот.
Цукерберг и Чен ветија дека ќе подарат 99 отсто од својата заработка. Последниве две години тие постојано разговарале со научници и истражувачи од разни области, за зацртаниот план да добие своја крајна верзија.
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет