-->
-->
Маркета Вондрушова, која ја победи Ѓорческа победничка на ВТА турнирот во Биел Биене
-->

Чешката тенисерка Мартека Вондрушова е победничка на ВТА турнирот во Биел Биене, Швајцарија што се играше за награден фонд од 250.000 долари. Таа во финалето ја победи Анет Контавеит од Естонија со 2-0 во сетови (6:4 и 7:6 (8:6)).
За победата таа ќе освои 100 поени и 43.000 долари. Чешката тенисерка на турнирот имаше вкупно осум победи откако низ квалификациите се пласира на главниот турнир, а во првото коло ја победи и нашата тенисерка Лина Ѓорческа.
Во игра на двојки победија Хсиех (Тајпех) и Николеску (Романија), кои беа подобри од Швајцарките Хингис и Башшински со 5:7; 6:3 во гемови и 10:7 на поени.
Ѓорческа за настапот во финалето од квалификациите ќе добие 14 поени, а за пласманот во четвртфиналето во двојки ќе освои 60 поени.
Ѓорческа од утре ја очекува настап на фјучрс турнирот во Киасо, Швајцарија што се игра на награден фонд од 25.000 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
