Марко Розе: Чест ми е што ќе му се спротивставам на Зидан
Тренерот на Борусија, Марко Розе, пред натпреварот во Лигата на шампионите против Реал Мадрид ја истакна важноста на пресметката со Зинедин Зидан.
Тој исто така додаде дека е потребно да се земе предвид искуството од првото коло против Интер.
– За мене е голема чест да се соочам со такви кул играчи и таков тренер како Зинедин Зидан. Тој има многу искуство и секогаш е ладнокрвен. Историјата и традициите се високо ценети во нашиот клуб, но тие нема да ни помогнат утре. Фокусирани сме исклучиво на претстојната игра. Реал Мадрид има многу одлични играчи. Ќе биде многу тежок натпревар. Предолго покажувавме респект кон противникот на натпреварот против Интер. Но, можеме многу да научиме од овој натпревар. Ова може да ни помогне да постигнеме позитивен исход го цитира Розе, прес-службата на УЕФА.
Натпреварот Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид од 2.коло во Лигата на шампионите се игра вечер од 21 часот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден