-->
-->
Mашина за кондоми која решава дали сте премногу пијани за љубов!
-->

Машината за кондоми во Лондон што дели презервативи само за трезни луѓе, во суштина можеби прави повеќе штета од корист.
„Џони би гуд“ машината е опремена со специјален апарат што одредува дали некој е пијан или не. Корисниците треба да дувнат во уредот и ако се под дозволениот лимит на алкохол, ќе бидат наградени со кондом.
Пабот Брас манки во Викторија имаат ваква машина, што е создадена од сајтот за запознавање „Меч“(Match).
Во едно истражување на сајтот е откриено дека 73 проценти од Британците што немаат партнер се согласуваат дека одењето на љубовни средби е подобро кога се малку пијани, а една третина од овие луѓе тврдат дека не се доволно сигурни во себе и не би оделе во кревет со партнерот или партнерката по првото излегување, ако не се под дејство на алкохол.
Машината за кондоми наидува на критика од експертите за здравје што веруваат дека луѓето повторно ќе пијат и ако не добијат презерватив, повторно ќе имаат секс, но овој пат незаштитен.
„Ако на луѓето не им се дадат кондоми тоа може да доведе до ризично сексуално однесување, што може да го зголеми ризикот на несакани бремености и ризикот од сексуално преносливи болести“, изјавил професорот Џејн Андерсон за Метро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
