Машко првото бебе родено во Гевгелија во 2016

Општина Гевгелија на истекот од четвртиот ден во новата година доби машко првороденче по кое се родија уште две бебиња, едно машко и едно женско.
Првороденото бебе на свет го донесе мајката Софија Крстева од населеното место Негорци, а нешто подоцна среќни мајки во гевгелиската болница станаа уште Мануела Руменовска од Богданци која роди машко и Љубица Ефтимова исто така од Богданци која роди женско бебе.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, по традиција ги посети среќните мајки во гинеколошкото одделение на општата болница за да им ги честита рожбите. Во таа прилика на мајката Софија Крстева од Негорци за првото бебе во новата година и врачи штедна книшка со 10.000 денари, а сите три новородени бебиња ги даруваше со бебешки колекции.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
