Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
Илон Маск е првиот човек кој достигнал богатство од над 400 милијарди долари, според Форбс и Блумберг, јави ДПА.
Неговото богатство главно се состои од акции во производителот на електрични автомобили Тесла и компанијата SpaceX.
Американскиот магазин Форбс го процени богатството на Маск на 431,2 милијарди долари, а Блумберг соопшти дека тоа изнесува приближно 447 милијарди долари.
По американските претседателски избори на почетокот на ноември, растот на цената на акциите на Tесла го направи Маск (53) значително побогат, барем на хартија. Инвеститорите шпекулираат дека Тесла ќе има корист од моменталната блискост на Маск со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наведува ДПА.
Маск, роден во Јужна Африка, сега американски државјанин, го поддржа Трамп со милиони донации за време на изборната кампања и ќе биде дел од владата на Трамп.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата