Маск го спои „Спејс-Икс“ со компанијата „Икс-А-И“

Американскиот технолошки милијардер Илон Маск вчера соопшти дека ја споил својата вселенска компанија „Спејс-Икс“ (SpaceX) со друга своја компанија – развивачот на вештачка интелигенција (ВИ) – „Икс-АИ“ (xAI), јави ДПА.
Споените фирми треба да изградат центри за податоци во Вселената, како што најави Маск во својата блог-објава, додавајќи дека очекува ова да стане најевтиниот начин за генерирање моќ занапојување ВИ за компјутерска обработка. На краток рок, договорот ќе овозможи снабдување на „Икс-А-И“ со милијарди долари од „Спејс-Икс“. Фирмата за ВИ има високи капитални барања. Се вели дека Маск во мигов има удел од околу 40 насто во двете компании.
„Спејс-Икс“, а неодамна и производителот на електрични автомобили „Тесла“ (Tesla), којшто исто така, го раководи Маск, веќе вложија по две милијарди долари во „Икс-АИ“. Инаку, и „Спејс-Икс“ и „Икс-АИ“ се приватни компании.
Ракетата „Спејс-Икс старшип“, којашто може да носи големи товари во орбитата, треба да игра клучна улога во изградбата на центрите за податоци во Вселената. Според Маск, ваквите центри ќе ја црпат својата енергија од сончевата енергија – на Земјата, нуклеарната енергија денес повторно се проширува за оваа намена о САД.
„Самиот број сателити што ќе бидат потребни за центри за податоци во вселената ќе го турне ‘Старшип’ на уште поголеми височини. Фабриките на Месечината можат да ги искористат лунарните ресурси за да произведуваат сателити и да ги распоредуваат подалеку во вселената“, продолжи Маск. Во својата корпоративна мрежа, ‘Тесла’ развива човековидни роботи што можат да се користат и под неповолни услови“, изјави Маск.
„Икс-АИ“ го развива четботот „Грок“ (Grok), којшто Маск го лансираше за да се натпреварува со „Чет-ГПТ“ од конкурентската „Опен-АИ“ и другите.
Инаку, „Грок“ последниве недели беше критикуван затоа што им дозволува на корисниците дигитално да ја заменат женската облека со бикини и, во некои случаи, да создаваат сексуализирани прикази на малолетници. По критиките, социјалната мрежа „Икс“, којашто сега е дел од „Икс-АИ“, воведе ограничувања во јануари.
„Спејс-Икс“ игра клучна улога во американската вселенска програма со години. Според наводите, „Спејс-Икс“ размислува и за јавна јавна понуда што би можела да ја процени компанијата до 1,5 трилиони долари.
MИА
Ново на Сител
-

По одлуката на Уставниот суд за Балуку, Рама најави продолжување на битката
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
