-->
-->
Мастерс Мадрид - финале: Надал против Тием
-->
Осмиот носител на Мастерсот во Мадрид Доминик Тием од Австрија ќе му биде ривал на Рафаел Надал во финалето. Тием доцна синоќа во второто полуфинале го победи Пабло Куевас од Уругвај со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4 во гемови) и успеа да се избори за своето прво финале на турнир од рангот на Мастерс 1000.
Во првото полуфинале Надал без поголеми проблеми го совлада неговиот голем ривал Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4 во гемови) во нивниот 50.ти меѓусебен меч и сега скорот е 26:24 во победи за Ѓоковиќ.
Финалето Надал – Тием почнува во 18 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈCП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО
-
Кривичниот суд ги одби приговорите: На таткото на Вања ќе му се суди за грабнување на ќерката
-
Словачкиот премиер Фицо на прво официјално патување надвор од Братислава по обидот за атентат
-
Нова промена на цените на горивата
-
Три лица повредени, меѓу нив и малолетник кога возило излета од патот во Скопско