-->
-->
Матичарите на протест, ќе блокираат неколку скопски улици
-->

Вработените од Управата за водење на матичните книги, кои штрајкуваат веќе шести ден, најавија дека денеска попладне ќе одржат протест од 15 до 17 часот пред Министерството за правда, каде што ќе бидат блокирани улиците.
Независниот синдикат на Управата бара донесување колективен договор на ниво на работодавец, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.
Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матичните книги, Тони Милошески, најави дека штрајкот ќе продолжи сѐ до исполнување на барањата и покрај притисоците со кои се соочуваат.
За време на штрајот вработените се на работното место, но ги примаат само граѓаните на кои им е потребен документ за итни ситуации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
